Learn EU

За проектот

Проектот има за цел да создаде „место во Европската Унија“ соодветен за новите генерации. Преку директно и активно вклучување на учениците во низа интерактивни, рекреативно-културни и образовни алатки и активности, ќе се овозможи дијалог меѓу генерациите. Иновативните производи и игри ќе овозможат подобро разбирање на тоа, што значи да се биде активен граѓанин на Европа. Овие алатки ќе им овозможат на наставниците поквалитетен пристап во објаснување на тоа, што е Европа и како да се биде нејзин граѓанин. Преку нов начин на објаснување со помош на „сериозни игри“, учениците освен што ќе се забавуваат, исто така и актвно ќе можат да учат за европските вредности.

Зошто ваков проект?

Причините за изготвување на ваков проект се поврзани со постоечката ситуација на недоволно познавање на работата на институциите и недовербата која младите, но и возрасните ја чувствуаат кон нив. Ова особено се однесува на оние коишто од територијална гледна точка се чувствуаат оддалечени, особено перидов кога

  • има помалку можност за вработување (особено на југот),
  • кога националистичкиот притисок расте низ цела Европа,
  • економската кризата низ Европа продолжува,
  • европските правила од многумина се оценети како премногу рестриктивни.

Цели

Целта на проектот е преку инвестирање во знаењето и зголемување на чувството дека сите се европски граѓани, подобро да се разберат европските институции и да се зголеми вербата во начинот на нивното функционирање преку поголемо активно учество во социјалниот и политичкиот контекст. Ова е возможно само доколку луѓето се доволно мотивирани да го негуваат чувството да се биде европски граѓанин. Исто така, ова ќе биде и начин да се поттикнат луѓето да го искористат своето право на глас со поголема свесност, за што Европската Комисија многу инвестираше во сите земји членки во 2019 година (изборната година на новиот Европски Парламент) преку кампањата #thistimeIvote. Со примена на многуте активности и обуки предвидени во овој проект, ќе се овозможи создавање на идни генерации гласачи коишто ќе имаат поголема доверба во европските институции. Основната цел на проектот е преку знаење да се комуницира со Европската Унија и нејзините институции, преку форма којашто истовремено ќе биде едноставна, модерна, иновативна, непосредна и свесна.

Интелектуални трудови

1) Анимирана историја на Европската Унија

Организација лидер: : EURO-NET (Италија) Организација ко-лидер: AIJU (Шпанија) MPIRMPAKOS D. & SIA O.E (Грција)
Овој интелектуален производ е креација во која со помош на аниматорите и специјално обучените оператори, цртанот и театарската сцена во живо ќе испреплетени. Планирана е реализација на презентација во живо. Таа делумно е направена од цртани, а делумно ќе биде театарски обработена од фасилитатори/тренерите, кои ќе интервенираат во цртаниот дел за да додадат интерактивни моменти во кои учениците од публиката ќе учествуваат. Всушност, производот претставува реконструкција на европската историја во која покрај цртаниот, тренерите ќе играат специфични улоги, а од младите луѓе во публиката ќе побараат да учествуваат во европската историја како актери кои ќе треба да ја одиграат улогата на некоја историска личност.

2) Потрага низ Европа

Организација лидер: AIJU (Шпанија) Организација ко-лидер: EURO-NET (Италија), CCSDE (Ирска) и DAMASISTEM (Турција)
Овој интелектуален продукт претставува креирање на тимска игра, во која ќе бидат создадени пречки или „гимнастички пречки“ со временски ограничувања за да може играчот да ја постигне целта на играта т.е. да улови што е можно повеќе „богатство“ на европскиот континент. Играта ќе биде фокусирана на карактеристични гео-политички прашања од Европа, како што се: младите луѓе да не само што ќе мора да ги запомнат географските локации, туку и откако ќе ги обединат сите делови на мапата ќе треба на вистинското место да ги сместат традиционалните елементи, типични и карактеристични за секој регион (паељата во Шпанија, мандолината во Италија, килтот во Шкотска итн.)

3) Кој е кој?

Организација лидер: CCSDE(Ирска), Организација ко-лидер: DAMASISTEM (Турција) и EURO-NET (Италија)
Овој интелектуален продукт подразбира креирање на интерактивна игра во која треба да се идентификуваа европскиот лик и неговата улога. Во таа смисла ќе се создаде виртуелна симулација на животот во европскиот парламентарец и другите наднационални тела за да се подигне свесноста кај младите, а со тоа ќе се обидат поактивно да учествуваат во животот на институциите. Играта ќе биде еден вид интерактивен прирачник кој што ќе овозможи да се разбере парламентарната акција и да ве примами да имате поголема доверба во активностите на парламентарните наднационали тела, кои се спроведуваат во корист на различните земји членки. На овој начин исто така ќе бидат идентификувани и вреднувани вредностите, улогите и активностите на Европскиот Парламент.

4) Евроквиз

Организација лидер: Damasistem (Турција) Организација ко-лидер: CCSDE (Ирска)
Овој интелектуален продукт подразбира креирање на квиз со повеќекратни одговори, од кои што само еден е точен. Квизот ќе се однесува на Европски теми, истиот ќе биде временски ограничен, а учесниците ќе треба да ги користат своите паметни телефони за да можат да дадат точен одговор во најкус можен рок. Прашањата ќе бидат поставувани по случаен избор на различни тимови (жолт тим, црвен тим, зелен тим, син тим) со мала анимирана маскота која што ќе ги покажува и можните одговори. Тимовите ќе се натпреваруваат меѓусебно, со тоа што ќе треба да се изборат за најкраткото можно време да соберат што повеќе поени. Целта е да се научи што е можно повеќе за Европа во однос на правата, должностите, валутата, вредностите како и за некои други актуелни теми.

5) Откриј ги основните вредности

Организација лидер: CCSDE (Ирска), Организација ко-лидер: DAMASISTEM (Турција)
Овој интелектуален производ предвидува креирање на тимска игра во која цел ќе биде да се погоди тајната фраза или збор поврзана со универзална вредност која играчот на својот тим ќе се обиде да им ја објасни со цртање на интерактивниот монитор, а при тоа да не каже ниту еден збор. Играта од секој тим (син, црвен. жолт, зелен) да имаат маркер на онлајн таблата и да ги запишуваат точните одговори.

6) И јас сум европски пратеник

Организација лидер: EURO-NET (Италија) Организација ко-лидер: AIJU (Шпанија) and MPIRMPAKOS D. & SIA O.E (Грција)
Овој интелектуален продукт предвидува креирање на игра во која ќе се развиваат симулации за животот во Европскиот Парламент, преку работилници кои се базирани на работилници од пакетот одобрен од Европската Комисија, а со цел да се подигне свеста за активното учество и дебата на универзални теми кои ги засегаат младите. Знаењето стекнато од третиот интелектуалниот труд ќе овозможи организирање на вистински симулации.

7) Рекреативно – едукативни патеки

Организација лидер: MPIRMPAKOS D. & SIA O.E (Грција) Организација ко-лидер: MPIRMPAKOS D. & SIA O.E (Грција)
Овој интелектуален труд предвидува креирање на прирачник со правилата, техниките и методологиите кои ќе бидат применети со цел негова комплетна имплементација. Овој прирачник во исто време е и водич кој ќе им помогне на корисниците што подобро и целосно да ги користат алатките кои ќе бидат создадени и ќе овозможат постигнување што подобри резултати при примената на игривите дидактички елементи креирани во проектот.

Партнери во проектот

EURO-NET

Италија – координатор

DamaSistem

Турција

MPIRMPAKOS D. & SIA O.E.

Ирска

CCS

Ирска

AIJU

Шпанија

IPIAS

Италија – училиште

Средно општинско училиште „Перо Наков“

Република Северна Македонија

Colegiul Economic "Ion Ghica" Braila

Романија – училиште

Agrupamento de Escolas de Penalva do Castelo

Португалија – училиште

Документи

ВЕСНИК

БРОШУРА

Scroll to top