Последниот состанок беше одржан во Куманово на 19.04.2023година. На состанокот...
Read MoreЗа проектот
Зошто ваков проект?
Причините за изготвување на ваков проект се поврзани со постоечката ситуација на недоволно познавање на работата на институциите и недовербата која младите, но и возрасните ја чувствуаат кон нив. Ова особено се однесува на оние коишто од територијална гледна точка се чувствуаат оддалечени, особено перидов кога
- има помалку можност за вработување (особено на југот),
- кога националистичкиот притисок расте низ цела Европа,
- економската кризата низ Европа продолжува,
- европските правила од многумина се оценети како премногу рестриктивни.
Цели
Интелектуални трудови
1) Анимирана историја на Европската Унија
Организација лидер: : EURO-NET (Италија) Организација ко-лидер: AIJU (Шпанија) MPIRMPAKOS D. & SIA O.E (Грција)
2) Потрага низ Европа
Организација лидер: AIJU (Шпанија) Организација ко-лидер: EURO-NET (Италија), CCSDE (Ирска) и DAMASISTEM (Турција)
Овој интелектуален продукт претставува креирање на тимска игра, во која ќе бидат создадени пречки или „гимнастички пречки“ со временски ограничувања за да може играчот да ја постигне целта на играта т.е. да улови што е можно повеќе „богатство“ на европскиот континент. Играта ќе биде фокусирана на карактеристични гео-политички прашања од Европа, како што се: младите луѓе да не само што ќе мора да ги запомнат географските локации, туку и откако ќе ги обединат сите делови на мапата ќе треба на вистинското место да ги сместат традиционалните елементи, типични и карактеристични за секој регион (паељата во Шпанија, мандолината во Италија, килтот во Шкотска итн.)